Достапни линкови

Авганистан - Во експлозија на бомби загинале 14 цивили


Архивска фотографија, Авганистан.

Архивска фотографија, Авганистан.

Во експлозија на две крајпатни бомби во јужен Авганистан, загинале 14 цивили, соопштија авганистанските власти. Според портпаролот на провинцијата Кандахар едната бомба експлодирала кога на неа налетал минибус, а другата кога на местото на нападот, дошле луѓе да им помогнат на ранетите. Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападите. Инцидентот се случи само еден ден откако при експлозии и ракетен напад во јужниот дел на Авганистан беа убиени 11цивили, вклучувајќи и четири деца.
Според Обединетите нации во Авганистан минатата година загинале 3021 авганистански цивили, што ја прави 2011 година, најкрвава од почетокот на војната.
XS
SM
MD
LG