Достапни линкови

Во Прилеп се одржува фестивалот „Пеце Атанасовски“


Во Прилеп се одржува 38 –от Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. На фестивалот учествуваат 220 учесници од Македонија, Србија и САД. Синоќа пред официјалниот почеток, во центарот на Прилеп беше откриен споменикот на Пеце Атанасовски. Денеска е натпреварувачкиот дел, по настапот на гајдите, зурлите, кавалите, жири комисија ќе ги прогласи и ќе ги награди најуспешните поединци и групи. На најдобриот странски гајдаџија ќе му биде доделена и гајдата на Пеце Атанасовски што ја дава општината Долнени, а ќе биде доделена и статуетката на патронот.
XS
SM
MD
LG