Достапни линкови

Меѓународна донаторска конференција за Авганистан


Државниот секретар на САД Хилари Клинтон и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Кабул 7 јули, 2012.

Државниот секретар на САД Хилари Клинтон и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Кабул 7 јули, 2012.

Во Токио донеска се одвива меѓународна донаторска конференција за Авганистан. Се очекува донаторите од околу 70 земји да се обврзат дека ќе дадат 16 милиjaрди долари за 4 години.
Без функционална економија, Кабул е способен да покрие само една третина од 6 милијарди долари кои ги троши секоја година, притоа не сметајќи ги парите за безбедносни трошоци.
Кабул стравува дека кога ќе се повлечат странските војници до 2014 година, меѓународната помош ќе се намали. Донаторите пак бараат од земјата да стори повеќе за да бидат сигурни дека меѓународната помош се троши соодветно и не се злоупотребува. Меѓу присутните на конференцијата е и државниот секретар на САД Хилари Клинтон, која вчера беше во ненајавена посета на Кабул.
XS
SM
MD
LG