Достапни линкови

Дачиќ -Енигма е што прави Тадиќ на собир каде што е Тачи


03Feb2012.

03Feb2012.

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека за него е вистинска енигма посетата на лидерот на Демократската партија БорисТадиќ на Самитот во Дубровник на кој учествува и премиерот на Косово Хашим Тачи. На конференцијата за новинари во Србија тој потсети дека уште е во сила државната политика, во чие формирање учествуваше и таа партија, да не се учествува на собирите на кои Косово се претставува како независна држава.
Претходно хрватските медиуми јавија дека Лидерот на Демократската партија и поранешен претседател на Србија Борис Тадиќ денеска се ракуваше со косовскиот премиер Хашим Тачи, на крајот од „Кроација самитот“ во Дубровник. Тадиќ беше прв пат на „Кроација самитот“, на кој како што изјави за медиумите, учествува како граѓанин, односно претседател на Демократската партија, а не како претставник на државата.
XS
SM
MD
LG