Достапни линкови

logo-print

Неколку земјотреси со умерен интензитет го потресоа Охрид


Неколку земјотреси со умерен интензитет попладнево го потресоа регионот северно од Охрид. Првиот потрес од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван една минута пред 15 часот. Епицентарот е лоциран 19 километри североисточно од Охрид. По првиот најсилен, следуваа уште два потреса со послаб интензитет од 2,8 и 2,3 степени во истото епицентрално подрачје.
Серија земјотреси пред еден месец беа регистрирани во охридското подрачје со епицентар на Илинска планина, при што беа оштетени поголем број објекти во повеќе села во општина Дебрца.
XS
SM
MD
LG