Достапни линкови

Дневен печат - „безгрешна“ политичка игра


Непринципиелна опозиција и принципиелна власт, безгрешни партии, политички игри, однесување на политичарите, дел од темите што ги анализираат неделниците.

Фокус - Безгрешна власт и непринципиелна опозиција

„Љупчо и Бранко биле криви за се', а Груевски останал - безгрешен!?“, се исчудува уште на насловната страница неделниот Фокус, за во уводникот да ја развие тезата дека никој од членството на преродбеничката партија, плус при сета пропаганда, не смее да каже дека „двајцава ѓаволи“, како што пишува, не направиле ама баш ништо добро во нивните политички животи?! А Груевски до власта стигна токму со помошта на Љупчо и на Бранко: првиот го намести за партиски лидер, а вториот му помогна да стане премиер.

Соборувањето Груевски има смисла само ако се дефинира културноисториската и идејната основа на проектот на радикалната дефиниција и реконституција на Македонија.
Глобус
Фокус наведува дека власта, според реакциите и однесувањето што следело, всушност се исплашила од „непринципиелната“ коалиција, на Црвенковски со Петковски, Андов, Жерновски, Ангелов, Обединети на Бошкоски, а сега и со Георгиевски. Замислете, коалицијата била непринципиелна според „принципиелниот“ аршин на Груевски, Ѕинго и Амди Бајрам, се подбива Фокус.

Глобус - И по Груевски - Груевски

Не сум сигурна дека гостинот беше премиер.Такво количество нервоза, таков речник и таква самобендисаност во еден јавен настап, не само што не се соодветни за еден претседател на влада, туку мора да бидат проследени и со предупредување дека емисијата содржи вознемирувачки содржини за граѓаните.
Граѓански.
„И по Груевски - Груевски“ е насловена една од постојаните колумни на он-лајн магазинот Глобус, во која, повторно критички, авторот прави осврт на однесувањето на Црвенковски и на, според него, тажната ситуација со коалицирањето со Георгиевски, зашто, како што пишува, „развојот на ситуацијата секој ден ја спушта релативната важност на СДСМ, исчезнува Македонија што беше негова база, идеја и цел во културен, образовен, институционален, философски, ако сакате генерациски поглед, а приклучокот со новото време е многу проблематичен“.

Авторот смета дека соборувањето Груевски има смисла само ако се дефинира културноисториската и идејната основа на проектот на радикалната дефиниција и реконституција на Македонија.

Капитал - Работното лето на СДСМ ќе доведе до поместување на политичката сцена

Најновиот неделен Капитал објавува долго интервју со потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, при што како најава го цитира соговорникот: „Ако изгубиме догодина, не само Црвенковски, туку целото раководство ќе понесе одговорност“, Георгиев, покрај другото, објаснува дека проектот „Работно лето“ е вовед во поголеми поместувања на политичката сцена, кои на крајот треба да резултираат со целосна промена на власта.

Граѓански - Груевски во „икс/нула“ не се однесуваше како премиер

„Човек веќе не може да им верува на своите очи“, пишува во една статија Граѓански. Еве, на пример, сите тврдат дека премиерот Груевски гостувал во „Икс/нула“ на Канал 5. Ја гледав таа емисија, ама не сум сигурна дека гостинот беше премиер.Такво количество нервоза, таков речник и таква самобендисаност во еден јавен настап, не само што не се соодветни за еден претседател на влада, туку мора да бидат проследени и со предупредување дека емисијата содржи вознемирувачки содржини за граѓаните, пишува Граѓански.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG