Достапни линкови

Најавен топлотен бран за утре со многу високо ниво на УВ индексот


Според информациите на УХМР, од утре под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка, ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со многу висока вредност на УВ индексот. Се очекува да има температури кои ја дефинираат жолтата фаза, односно алертна фаза, каде постои потенцијална опасност по здравјето на луѓето од многу топлото време. Температурата во почетокот на наредната недела, речиси насекаде, ќе биде над 35 степени, а на места ќе достигнува и до 40 степени. Комисијата при Министерството за здравство соопшти дека постојано ја следи состојбата со ризиците по здравјето од надворешните високи температури во тесна соработка со останатите надлежни институции. Остануваат да важат истите општи препораки за заштита на здравје на населението.
XS
SM
MD
LG