Достапни линкови

Продолжуваат разговорите за формирање нова влада во Србија


Коалициите околу Српската напредна партија и Социјалистичката партија, како и Обединетите региони денеска ги продолжуваат разговорите за формирање нова влада. По вчерашниот состанок на лидерите на овие партии, најавено е дека партиите кои ја составуваат новата влада на Србија во вторник на 10 јули ќе потпишат коалициски договор, а владата треба да биде формирана околу 24 јули. По вчерашниот состанок, лидерите на партиите ја потврдиле и согласноста за европска иднина на Србија, определеноста за жестока борба против криминалот и корупцијата, и за сериозна економска реформа.
XS
SM
MD
LG