Достапни линкови

logo-print

Во Дубровник завршува конференцијата за југоисточа Европа


Во Дубровник денеска завршува дводневната конференција на која доминираат теми за југоисточна Европа. Претседателот на Демократската партија на Србија Борис Тадиќ пристигна изутрината на Самитот. Иако е поканета на дводневната конференција во Дубровник, Србија не испрати свој претставник. Поради доаѓањето на премиерот на Косово Хашим Тачи никој од претставниците на Србија ниту во изминатите години не учествуваше на Самитите во Дубровник. На вчера отворениот Самит, чија тема е европската иднина на државите во регионот, покрај хрватскиот државен врв, учествуваат и премиери, шефови на дипломатии и други функционери од европските држави, од регионот, како и од САД. Во Дубровник е и генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен, помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски работи Филип Гордон и европскиот комесар за проширување Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG