Достапни линкови

Либија одржува први слободни избори по 60 години



Либија-работник поставува пропаганден изборен материјал

Либија-работник поставува пропаганден изборен материјал

Во Либија од изутрината се отворени избирачките места за избор на пратеници во Парламентот, откако минатата година од власт беше соборен некогашниот лидер Моамер Гадафи. Околу 2,7 милиони гласачи ќе избираат претставници на Парламентот кој има 200 пратеници. Новоизбраните пратеници треба да ја формираат новата либиска влада.
Кандидатите со исламистичка агенда се смета дека имаат најголема поддршка. Имаше повици и за бојкотирање на гласањето, особено во источниот дел кај градот Бенгази, каде што има нездововолство од преодната влада. Во Бенгази во напад беше застрелан и претставник на Изборната комисија.
XS
SM
MD
LG