Достапни линкови

Клинтон пристигна во ненајавена посета на Кабул


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Кабул во ненајавена посета на Авганистан. Новинските агенции јавија дека Клинтон ќе има разговори со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Кусо време по пристигнувањето, Клинтон изјави дека Авганистан е сојузник на САД што ја прави соработката во одбраната полесна и во иднина.
Нејзината посета доаѓа ден пред донаторската конференција за Авганистан во Токио. Кабул се надева дека ќе добие помош од 4 милијарди долари од меѓународни донации на конференцијата во Токио што треба да овозможат поддршка во реконструкција на земјата по заминувањето на странските трупи до крајот на 2014.
XS
SM
MD
LG