Достапни линкови

Романскиот Парламент гласаше за импичмент на претседателот Басеску



Новиот премиер на Романија Виктор Понта

Новиот премиер на Романија Виктор Понта

Парламентот во Романија, вчера гласаше за отстранување на претседателот Трајан Басеску од функцијата.
Но дали Басеску ќе биде остранет од функцијата ќе се знае ако тоа се потврди на референдум, што треба да биде одржан на 29јули.
Владејачката левоцентристичка коалиција Социјал - либералната унија го обвинува претседателот Басеску дека го прекршил Уставот. Басеску ги отфрли обвинувањата изјавувајќи дека станува збор за кампања против него што може да ја втурне во ризик стабилноста и репутацијата на земјата.
САД и Европската Унија изразија загриженост од последните политички настани во Романија.
XS
SM
MD
LG