Достапни линкови

Доминиканците ни го урнаа олимпискиот сон


Архивска фотографија: Македонската кошаркарска репрезентација.
Архивска фотографија: Македонската кошаркарска репрезентација.

Македонските кошаркари изгубија од Доминиканската Република и не се квалификуваа на Олимписките игри во Лондон.

Заврши олимпискиот сон на македонските кошаркари. Македонија изгуби од Доминиканската Република 76-86 во четвртфиналето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон што се игра во главниот град на Венецуела, Каракас.
Иако, Македонија на полувреме водеше 13 разлика 41-28 и ја заврши третата четвртина со предност од два поени за 56-54, Доминиканците на крај победија со 10 поени разлика.

Иако, Македонија на полувреме водеше 13 разлика за 41-28 и ја заврши третата четвртина со предност од два поени за 56-54, Доминиканците на крај победија со 10 поени разлика.

Македонската одбрана успеа да го задржи најдобриот стрелец на Доминиканците, центарот Ал Хoрфорд, кој игра за тимот на Атланта Хоукс во НБА лигата, на само 14 поени, но неговиот колега од НБА лигата, Франциско Гарсија, кој игра за Сакраменто Кингс, даде 28 коша, од кои четири тројки од седум обиди.

Македонскиот состав беше убедливо натскокан на натпреварот. Македонија имаше 32 скока, наспроти 50 на Доминиканците. Македонските кошаркари имаа 8 офанзивни скока, а Доминиканците 22.

Најдобар скокач беше Хoрфорд со 15 скокови, а Џек Мартинез фати 13 топки и даде 14 коша.

Во македонскиот тим најефикасен беше Лестер Бо Мекејлеб со 35 поени, а Влатко Илиевски даде 16. Предраг Самарџиски го заврши мечот со 13 скока и 11 поени.

Доминиканската Република во полуфиналето го очекува победникот од дуелот Литванија-Порторико.

Во вториот полуфинален дуел играат Нигерија-Русија. Нигерија во четвртфиналето ја совлада Грција 80-79, а Русија беше подобра од Ангола 80-65.

Трите најдобри селекции на турнирот ќе се квалификуваат на Олимписките игри.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG