Достапни линкови

Грчкиот парламент во три-дневна дебата за доверба на владата


Грчкиот парламент од денеска во тридневна дебата за програмата на новата влада, која треба да заврши до недела на полноќ со гласање за доверба. Премиерот Андонис Самарас, пред се, треба да објасни како новата влада ќе се справи со финансиската криза. Самарас се залага за намалување на дефицитот на државниот буџет и за забрзување на структурните реформи со стимулативни мерки за вработување. Невработеноста во Грција достигна 24 насто. Тројната владина коалиција има 179 пратеници од вкупно 300, па се очекува владата да ја добие довербата.
XS
SM
MD
LG