Достапни линкови

Думата го изгласа контроверзниот закон за невладините организации


Rускиот парламент денеска го изгласа контроверзниот закон за невладините организации во земјата, финансирани од странство. Пред државната Дума се одржуваа протести на противниците на овој закон што го предложи владејачката партија Единствена Русија. Според законот, сите невладини организации, кои се финансирани од странство и се мешаат во политиката, ќе бидат третирани како странски агенти и ќе се соочуваат со ригорозни контроли. Според критичарите, овој закон во Русија ќе биде искористен за уништување на граѓанското општество во земјата.
XS
SM
MD
LG