Достапни линкови

Расмусен во посета на Хрватска


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска во Загреб разговараа за голем број прашања за НАТО, вклучително и можностите за членство на земјите од регионот во Алијансата.
Расмусен истакна дека Хрватска како нова членка на Алијансата носи свежа енергија и нови идеи, а нејзината интеграција во НАТО и претстојното членство во Европската унија покажуваат „колку многу може да се постигне со напорна работа и храброст за донесување на тешки одлуки“.
Генералниот секретар на НАТО изрази уверување дека хрватскиот премиер ќе ги инспирира останатите земји во регионот, на чии лидери им порача да покажат посветеност на реформите и помирувањето, бидејќи тоа е во корист на нивните граѓани и целокупните евро-атлантски интеграции.

Расмусен по посетата на Загреб замина за Дубровник, каде ќе учествува во работата на „Кроација Самит 2012“, заедно со премиери или владини претставници од 15-тина земји од Европа и Северна Африка.
XS
SM
MD
LG