Достапни линкови

Европската комисија загрижена поради случувањата во Романија


Европската комисијата денеска изрази загриженост поради, како што наведе, актуелните случувања во Романија, особено во однос на дејствијата насочени кон намалувањето на ефективните овластувања на независните институции, како што е Уставниот суд.
Во реакцијата на Еврокомисијата се вели дека владеењето на правото, демократските процеси и рамнотежи и независноста на судството се камен-темелници на европската демократија и се неопходни за меѓусебната доверба во рамки на Европската унија.
Според прес-службата на Еврокомисијата, нејзиниот претседател Жозе Мануел Барозо денеска разговарал со премиерот на Романија, Виктор Понта и му ја пренел загриженоста на Брисел за случувањата во земјата. Романскиот премиер најавил доаѓање во Брисел следниот четврток со цел да разговара со Баросо за овие прашања.
XS
SM
MD
LG