Достапни линкови

Погребани двајцата пилоти во Турција


Во Турција денеска се закопани двајцата пилоти на авионот кој беше урнат од сириските сили пред две недели. Премиерот Реџеп Таип Ердоган го прекина одморот за да присуствува на погребот во базата Малатија во јужна Турција од каде што авионот полета.
Сирискиот Претседател Башар ал Асад изрази жалење за инцидентот. Според Асад, сириските сили не знаеле дека станува збор за турски авион. Инцидентот го зголеми гневот во Турција која со Сирија е и онака во тензилчни односи поради воените активности на границата.
XS
SM
MD
LG