Достапни линкови

Олимпијада - лице и опачина


Додека Европа се справува со економски турбуленции, Лондон се подготвува за грандиозна презентација на добрата волја: за неколку недели градот ќе биде домаќин на летните олимписки игри. Сепак, според Интернешнл Хералд Трибјун, зад спектаклот на атлетски способности и глобална хармонија се кријат тешка политика и економски препукувања.

Според медиумот, во средиштето на овие позадински случувања се наоѓа Меѓународниот Oлимписки Kомитет, кој ја промовира Олимпијадата и одлучува каде ќе се одржи настанот. Организацијата во одредени периоди беше потресена од скандали за поткупување и врбување на делегати. Според весникот, ваквите посрамотувања се наменети за да се отргне вниманието од посуштински проблем: организацијата во суштина е елитистичка, доминантна и комерцијализирана.

Организацијата која се смета за „каталист за соработка меѓу сите припадници на олимпиското семејство е водена од привилегираните еден насто од светската популација, се наведува во натписот и се додава: „Ова отсекогаш било случај. Кога баронот Пиер де Коубертин повторно ги оживеа олимписките игри во 1890 година тој за координатори назначи принцови барони и војводи. Евентуално, комитетот ги отвори вратите за богати бизнисмени и поранешни олимпијци. До 1981 година За жените беше забранет влезот“. Според Интернешнл Хералд Трибјун, дури и денес се забележува диспропорција во членството.
Лондон - националните знамиња на земјите учеснички на престојните игри

Лондон - националните знамиња на земјите учеснички на престојните игри


Весникот дополнително забележува дека организацијата има претерани барања од градовите домаќини на олимпијадата. „На пример градовите домаќини мора да ги менуваат законите со цел да се услогласат со олимпискиот кодекс, кој забранува одржување на било какви демонстрации како и политичка или верска пропаганда на местата каде се одржуваат игрите. Кога Ванкувер беше домаќин на зимските олимписки игри, локалната власт мораше да забрани билборди со кои не се ’славеше’ олимпијадата“ пишува медиумот.

Како дополнителна забелешка се наведува и комерцијализирањето на настанот. Во Лондон повече од 250 миљи уличен простор е резервиран не само за учесниците на настанот туку и за спонзорите. Авторите на текстот забележуваат дека дури и олимпискиот факел се комерцијализирал со тоа што дел од огноносците се акционери или вработени во фирмите кои го спонзорираат настанот. Поранешниот маркетинг директор на Олимпискиот комитет Мајкл Р. Пејн ја нарече Олимпијадата „најдолгата реклама во светот“.

Медиумот исто така изнесува и забелешки за обезбедувањето на спортскиот настан. „На посетителите кои од 27 јули до 12 август ќе допатуваат во Лондон ќе мора да им се прости за помислата дека присуствуваат на саем за воена машинерија“ пишува Интернешнл Хералд Трибјун.
XS
SM
MD
LG