Достапни линкови

Думата ќе гласа за контроверзниот закон за невладините организации


Рускиот парламент денеска треба да гласа за контроверзниот закон за невладините организации во земјата, финансирани од странство. Пред државната Дума се одржуваат протести на противниците на овој закон што го предложе владејачката партија Единствена Русија. Според нацрт законот, сите невладини организации, кои се финансирани од странство и се мешаат во политиката, ќе бидат третирани како странски агенти и ќе се соочуваат со ригорозни контроли. Според критичарите, овој закон во Русија ќе биде искористен за уништување на граѓанското општество во земјата.
XS
SM
MD
LG