Достапни линкови

Педесет години затвор за аргентинскиот диктатор Видела


Поранешниот аргентински диктатор Хорхе Рафаел Видела е осуден на 50 години затвор за кражба на бебиња на левичарските дисиденти пред три децении. Последниот диктатор на Аргентина, Реиналдо Бињоне, исто така е осуден и доби 15 години затвор. И двајцата веќе биле во затвор и за други прекршувања на човековите права. Крадците на бебиња поставија режим во Аргентина кои се разликуваше од сите други хунти што владееле во Латинска Америка во тоа време. Видела и други воени и полициски службеници беа решени да ја отстранат секоја трага на вооруженото левичарско герилското движење. "Валканата војна" на крајот заврши со 13.000 жртви.
XS
SM
MD
LG