Достапни линкови

logo-print

Неизвесна иднината на Договорот за регулирање на трговија со оружје


Првиот ден на разговорите за обврзувачки договор за регулирање на глобалната трговија со оружје заврши со неподготвеност за прифаќање на распоредот за следниот ден од страна на земјите членки на ОН. Агенциите јавуваат дека тоа би можело да биде предзнак дека ќе се водат тешки преговори. Договорот, кој би можел да биде прв од ваков вид, мора да бидe донесен со консензус меѓу земјите-членки. По едномесечните преговори разговорите беа закажани за вторник, по спорот околу тоа дали на Палестина и на Ватикан ќе им биде дозволенo право на глас за договорот.
XS
SM
MD
LG