Достапни линкови

logo-print

Грчката полиција трага по осомничена двојка терористи


Грчката полиција соопшти дека трага за маж и жена кои побегнале за време на судскиот процес против нив. Тие се осомничени за членство во екстремна левичарска терористичка организација. На Никос Мазиотис и неговата сопруга Панајоти Рупа им се суди, заедно со уште шест осомничени, за членство во организацијата Револуционерна борба, позната по тоа што нејзините членови во 2007 година истрелаа граната врз зградата на Американската амбасада во Атина. Сопружниците, кои признаа дека се членови на групата, беа ослободени од затвор во октомври 2011 година, откако во притвор поминаа максимални 18 месеци.
XS
SM
MD
LG