Достапни линкови

Грците ги префрлаат заштедите во британските банки


Грчките штедачи кои имаат пари во некоја од банките во Грција ги префрлаат во британските банки, надевајќи се дека на тој начин ќе ја спасат својата заштеда, доколку земјата ја напушти еврозоната и се врати на некогашната валута, драхмата, јави дописникот на МИА од Лондон. Според лондонските медиуми, побогатите Грци не ги префрлаат само парите, туку и купуваат имоти во Велика Британија настојувајќи да обезбедат место за живеење за себе и за своите семејство во случај на финански крах на Грција. Засега нема навестување за некаков грчки „бегалски бран“, како што тоа го направија Полјаците, по влегувањето на нивната земја во ЕУ, пред осум години.
XS
SM
MD
LG