Достапни линкови

Романскиот парламент расправа за суспензија на претседателот


Пратениците на романскиот Парламент денеска расправаа за суспензија на претседателот Трајан Басеску. Парламентот за суспензијата ќе одлучува утре, а коалицијата Социјално-либерална унија планира да го искористи своето парламентарно мнозинство и во текот на гласањето за суспензија на десничарот Басеску, кого го обвинуваат за тешко кршење на Уставот. Тричлената владејачка коалиција го обвинува Басеску дека незаконски ги презел ингеренциите на премирот кога објави драстични мерки на штедење и за нарушување на независноста на судството.
XS
SM
MD
LG