Достапни линкови

Најавени протести на Косово


Претставниците на четирите српски општини во Северно Косово на денешната средба во Косовска Митровица констатираа дека политичката ситуација и безбедност е сериозно влошена и најавија дека ќе организираат протест. Општинските советници од Косовска Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавич рекоа дека примената „на еднострани насилни акти од КФОР и од ЕУЛЕКС врз Србите и заканите од приштинските власти“ ја поддржуваат нестабилната ситуација во Северно Косово. На средбата е одлучено во понеделник да се организира протестен митинг во Косовска Митровица поради „положбата и приотисокот врз Србите, кои живеат во Косово“.
XS
SM
MD
LG