Достапни линкови

Четворица загинати во уривање на хеликоптер во Романија


Четири лица загинаа при уривање на воен хеликоптер во округот Бузу, во источна Романија, соопшти Министерството за одбрана. Хеликоптерот ИАР 316 од романско производство се урна на 20 километри од базата Бобок. Леталото изведувало пробен лет. Во хеликоптерот имало четири воени лица - тројца членови на екипажот и еден студент во пилотското училиште во Бобок. Министерот за одбрана издаде наредба за почнување на истрага за инцидентот.
XS
SM
MD
LG