Достапни линкови

Дневен печат - Бранко и Љубчо во фокусот


Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.
Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.

Разговорите за коалиција меѓу довчерашните лути противници Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски во фокусот на интерес на медиумите.

Се случи средбата Црвенковски-Георгиевски и договорот за предизборна коалиција помеѓу двете партии, потоа следуваа реакциите, се разбира објавени по нашите медиуми.
Членовите на СДСМ и на ВМРО-НП негодуваат за новата коалиција.
Дневник.

Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.
Средба на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и на лидерот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.
Вечер насловува дека „Не постои вмровец кој сака коалиција со Бранко“, а Дневник дека „Членовите на СДСМ и на ВМРО-НП негодуваат за новата коалиција“. Утрински, пак, преку редовната колумна „Мое ќоше“, објавува, личен став за ова преку ироничниот осврт на трибината во организација на Институтот „Димитрија Чупоски“ на група членови и приврзаници на владејачката партија кои ја критикуваа оваа коалиција. „Како патриотизмот стана последното упориште на полтроните и апологетите“ - поставува загатка Утрински. Нова Македонија, исто така во колумна со личен став смета дека коалицијата е всушност помирување помеѓу левицата и десницата во земјава.
Како патриотизмот стана последното упориште на полтроните и апологетите.
Утрински.

Истиот весник објавува и интервју со потпретседателот на СДСМ, Јовановски, при што во наслов вади акцент дека „Црвенковски градеше држава, не споменици - што ќе се случеше со Македонија Груевски да ја добиеше власта со непризнаена земја, блокирани граници, со речиси непостоечки девизни резерви...?“

Автобиографијата на Георгиевски, исто така, беше згодна тема за медиумите: „Љубчо плука по Македонците, но ги радува Грците“, смета Вечер, а Дневник ги цитира неговите зборови на промоцијата дека „Автобиографијата е одговор за сегашните фалсификати на историјата“. Дневниот Фокус во наслов ја интерпретира пораката до Груевски од Георгиевски: „Биди маж, излези на дуел со мене“.

Вечер, како и другите весници, објавуваат дека Македонија заплива во Јужен тек - со нацрт-спогодба како потврда од руската влада дека Македонија ќе биде дел од меѓународниот енергетски проект за гасификација.

Дневниот Капитал навестува дека со нова одредба повторно ќе се врати неуставната одлука за парно да плаќаат и исклучените.

Дали штрајк на музичарите ќе го одложи почетокот на Охридско лето? - загатнува Ден.

И како за крај, еден наслов во печатен медиум кој, нели, како сите јавни средства за информирање, треба и да ги едуцира читателите - во Вечер: „Фрчко, не се прави удрен - кажи каде се парите од шверцот со нафтата?!“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG