Достапни линкови

За кумановските пензионери добро, другите - кој како знае


Домот на занаетчии во центарот на Куманово.

Домот на занаетчии во центарот на Куманово.

Кумановци од средната генерација мака мачат како да преживеат. Пензионерите велат дека ним им е добро, но подобро би било ако невработените деца не им ги трошат пензиите.

Немам време за разговор. Немам што да кажам, а и ако кажам дали некој ќе ми помогне во надминување на мојата мака. Ова се најчестите коментари на кумановци, кои претпладневните часови ги минуваат на Градскиот плоштад, а попладне и навечер главно секојдневието си го прераскажуваат на градското шеталиште, на Кејот.
Голема невработеност, младите луѓе се без работа, јас не сум вработена, сопругот исто така, не работеше, па работеше, живееме со најминимални средства. Туку, прво здравје, па колку се има толку.

Во нивните разговори не изостануваат теми за невработеноста, беспарицата, затворените фабрики и за стечајците, за печалбарите, за политиката и за, според нив, убавото минато, за тешката сегашност која не ветува среќна иднина.
Куманово.

Куманово.


„Што да ти кажам, има разни работи. Да ви кажам, нема да ми верувате!“

„Голема невработеност, младите луѓе се без работа, јас не сум вработена, сопругот исто така, не работеше, па работеше, живееме со најминимални средства. Туку, прво здравје, па колку се има толку.“
Одлично се живее. Пензиите на време пристигнуваат и нема од што ние да се плашиме. За внуците е тешко, зашто од пензии ни земаат тие. Мојата пензија на четири дела се дели. Инаку, доволно е да животариме.

„Убаво си живеам. Работев како дипломиран правник, имам остварено нешто во Медицински центар. Сега што работат по Авганистан има малку подобрување, ама тоа не е трајно, кога ќе престане тоа, многу потешко ќе биде.“

И додека кумановци од средната генерација, оптоварени со егзистенцијални проблеми на нивните семејства ги притиска и песимизмот, пензионерите се оптимисти. Сепак, како што велат, животот би им бил многу повесел доколку заработеното со децении сега би можеле сами да си го трошат.

„Одлично се живее. Пензиите на време пристигнуваат и нема од што ние да се плашиме. За внуците е тешко, зашто од пензии ни земаат тие. Мојата пензија на четири дела се дели. Инаку, доволно е да животариме.“

„Животот е како секаде на Балканот. Корупција, мизерен е живот во транзиција. Јас живеам од пензија, до вчера бевме седум членови, сега само бабата и јас.“

Невработените или стечајците се најзагрозената категорија граѓани, за што некои од нив илустрираат:

„Бараме храна и по контејнери. За некого има, за некого нема. Ние сме изнемоштени, исцрпени, фирмите ни ги зедоа, сега ние мизеруваме, а тие бараат свој данок.“

„Поарно да не кажувам. Нема живот, нема се живот, затоа што се краде.“

Младите кумановци најповеќе одбегнуваат разговори. Оние малкумина што прифаќаат да го кажат своето мислење зборуваат во иронија:

„Одлично, сè имаме, сè што сакаме, ништо не ни недостасува!“

Иронија или не, во Куманово вистина има граѓани на кои ништо не им недостасува, но во градот со многу контрадикторности има и такви на кои животот и премногу им натежнал. Сепак, најчесто секој разговор помеѓу кумановци завршува со зборовите: „Нека има здравје! Тоа е најважното нешто за сите.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG