Достапни линкови

Јагланд: Засега не станало збор за прием на Косово во Советот на Европа


Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјерн Јагланд изјави дека повеќето членови на оваа организација го имаат признато Косово, но досега не станало збор за негово членство во Советот.
„Ние дејствуваме врз основа на Резолуцијата 1244 од Советот за безбедност на ОН. Сега постои и договор меѓу Белград и Приштина кога станува збор за регионалната соработка. Се уште немаме донесено одлука во врска со тоа. Но општиот пристап овде е дека треба да се најдат прагматични решенијa“ изјави генералниот секретар на Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG