Достапни линкови

Од непозната болест починаа над 60 деца во Камбоџа


Светската Здравствена Организација објави дека во Камбоџа се врши истрага за мистериозната болест од која починаа над 60 деца помали од 10 години во изминативе три месеци.
Портпаролот Апхалук Батиачеви изјави дека нема дијагноза за синдромите на болеста, но нема ни индиции дека таа се пренесува од човек на човек. Првите симптоми биле висока темперетура, следени од неуролошки симптоми и респраторни проблеми со брз прогрес.. Повеќето случаи се во источниот дел на Камбоџа.
XS
SM
MD
LG