Достапни линкови

logo-print

Се очекува извештајот за Фукушима


Денеска треба да биде објавен финалниот извештај на парламентарната истрага за нуклераната катастрофа во Фукушима. Се очекува во извештајот да биде наведен бавната реакција на кризата на владата на тогашниот премиер Наото Кан на земјотресот и цунамито.
Инаку Јапонија повторно почна да произведува струја од нуклеарно гориво откако беше вклучен еден реактор на западот на земјата, по двомесечното безбедносно исклучување на сите постројки по катастрофата во Фукушима. По ланската катастрофа, реакторите беа исклучувани еден по еден поради безбедносни проверки, за пред два месеца да бидат исклучени сите. Во јавноста има голем отпор за рестартирање на нуклеарните капацитети, но владата одлучи да вклучи два реактори за да спречи можен недостиг на струја во летниот период.
XS
SM
MD
LG