Достапни линкови

Обновување на односите меѓу Иран и Египет?


Eгипетскиот претседател Мохамед Морси.

Eгипетскиот претседател Мохамед Морси.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад му се јавил на неговиот новоизбран египетски колега Мохамед Морси да му посака успех, објави египетската државна новинска агенција. Ова е прв контакт меѓу претседателите, откако Морси ја презеде должноста. Повикувајќи се на портпаролот на Морси, египетската агенција објави дека Ахмадинеџад го поканил египетскиот претседател да учествува на Самитот на неврзаните што треба да се одржи во Техеран на 29 август годинава.

Врските меѓу Каиро и Техеран беа прекинати во 1980 година по исламската револуција во Иран и египетското признавање на Израел.

Морси претходно негираше дека дал интервју за иранската новинска агенција Фарс, која објави дека тој изразил интерес за обновување на односите меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG