Достапни линкови

Јужна Кореја ќе лови китови „за научни цели“


Илустрација: Лов на китови.

Илустрација: Лов на китови.

Јужна Кореја соопшти дека ќе ја искористи дупката во законот која дозволува лов и убивање на китови за научни цели, следејќи го примерот на контроверзната огромна јапонска експедиција. На разговорите во Меѓународната комисија за китови во Панама, претставниците на Јужна Кореја рекоа дека ќе му ги претстават идните планови за китовите на научниот комитет и оти нема да бараат одобрување од останатите земји. Ловот ќе се одвива во близина на јужнокорејскиот брег. Сè уште е непознато колку китови ќе бидат уловени.
XS
SM
MD
LG