Достапни линкови

Амнести интернејшнал - Кина сè уште апси и заплашува Ујгури


Протести на етничките Ујгури во Урумки на 6 јули 2009 година.

Протести на етничките Ујгури во Урумки на 6 јули 2009 година.

Амнести интернејшнал објави дека Кина апсела и заплашувала десетици етнички Ујгури во западната провинција Ксинџијанг, по крвавите немири во Урумки, главен град на областа, пред три години.

Во насилствата меѓу мнозинството Хан-Кинези и муслиманското ујгурско малцинство во Урумки во јули 2009 година загинаа околу 200 луѓе. Кина егзекутираше девет луѓе за поттикнување на немирите, а уапси и обвини стотици.

Во најновиот извештај на Амнести интернејшнал се наведува оти има нови информации дека Пекинг продолжува со заплашување на луѓето кои бараат информации за исчезнатите членови на нивните семејства.
XS
SM
MD
LG