Достапни линкови

logo-print

Жителите на Кипар не ги сакаат турските војници


Двете заедници на Кипар не го одобруваат присуството на турски војници на островот, покажуваат податоците од истражување на јавното мислење, објави турскиот весник на англиски јазик „Хјуриет дејли њуз“. Според истражувањето објавено од Турската фондација за економски и социјални истражувања ТЕСЕВ, кипарските Грци и кипарските Турци сметаат дека присуството на турските војници на островот неопходно треба да биде преразгледано и Турција треба да го намали нивниот број. Податоците од истржувањето покажуваат дека жителите на двата дела на Кипар чувствуваат несигурност во однос на иднината на преговорите за обединување на островот.
XS
SM
MD
LG