Достапни линкови

Божјата честичка како објаснување за универзумот


Научниците во Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) велат дека ја пронашле субатомската честичка која би можела да биде Хигс босон, круцијален елемент со кој ќе се разбере формирањето на универзумот. Хигс босон, попозната како божјата честичка би требало да понуди објаснување за формирањето на ѕвездите, планетите па дури и животот. „Преку ваквите експерименти ја баравме најретката честичка. Имајки го тоа предвид, станува збор за многу прелиминарен резултат, но сметаме дека има силна основа. Во спротивно не би го презентирале“ изјави портпаролот на ЦЕРН Џо Инкандела. За сега Хигс босон е се уште теоретски концепт.
XS
SM
MD
LG