Достапни линкови

Конвоите на НАТО ќе поминуваат низ Пакистан


Камионите за снабдување на НАТО силите во Авганистан, од денеска ќе можат да поминуваат низ Пакистан, откако пакистанските власти се согласиле да ја прекинат 7 месечната блокада. До ова доаѓа откако американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази жалење за инцидентот во минатиот ноември, кога по грешка беа убиени 24-ца пакистански војници. Во меѓувреме, пакистанските талибанци се заканија дека ќе ги напаѓаат конвоите на НАТО, доколку продолжат да транзитираат низ Пакистан.
XS
SM
MD
LG