Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Ирак


Во серија експлозии во неколку градови во Ирак загинале најмалку 40 луѓе, а околу 100 биле повредени. Најголем број жртви имало во центарот на градот Диванија, кога експлодирало возило при што 25 луѓе загинале а 50-тина биле повредени. По инцидентот, полицијата прогласи делумен полициски час и ги затвори сите приоди кон градот. Ирачкото крило на Ал Каеда ја превзеде одговорноста за поголемиот дел од бомбашките напади во Ирак.
XS
SM
MD
LG