Достапни линкови

logo-print

Политиката контра олимпискиот сон


Меѓународниот олимписки комитет во мај го одби барањето на Косово за учество на Летните олимписки игри во Лондон годинава. Одлуката ги разочара и огорчи косовските спортисти, кои сега се надеваат на пласман на Олимпијадата во 2016 година.

Дваесет и пет годишната Урата Рама цели кон освојување на олимпски медал во стрелаштво од првиот пат кога зема воздушна пушка во рака во 2004 година. Таа живее во село на 60 километри од главниот град Приштина, каде има примитивни објекти за спортски тренинг, но и покрај тоа, Рама е најдобра во својата класа.
Кога ќе се споредите со други спортисти кои можеби ќе постигнат ист резултат, знаете дека тие не ни размислуваат дали ќе одат на Олимпијадата или не. Тие се фокусирани на постигнување врвни резултати и соодветно претставување на нивните земји. Во Косово сме соочени со два проблеми - изолацијата и добрите резултати. Тоа е разочарувачки.

„Стрелаштвото е спорт кој бара смиреност. Потребен е само дел од секунда за да настане неуспех ако сте под стрес“, вели Рама.

Сепак, политиката засега и го уништи олимпискиот сон. Косово се надеваше дека ќе испрати екипа од шест спортисти на игрите во Лондон годинава, но Меѓународниот олимписки комитет го одби барањето на земјата за учество на Олимпијадата идниот месец. И покрај тоа што 90 земји го признаа Косово од прогласувањето независност во 2008 година, земјата не стана дел од Обединетите нации.

Малесор Ѓонбалај, советник во косовското Министерство за култура, вели дека, според власта, одлуката на Меѓународниот олимписки комитет е арбитрарна.

„Олимпискиот кодекс бара земјата да е признаена од Меѓународната заедница со цел да учествува. Ваквата одредба може кој како сака да ја интерпретира. Неколку пати баравме истата да биде објаснета. Комитетот смета дека со одредбата се бара земјата да биде признаена од Обединетите нации“, вели Ѓонбалај.

Косово веќе задоволи дел од барањата на Олимпискиот комитет со тоа што стана членка на пет меѓународни спортски федерации.

Одлуката на Комитетот беше силен удар за Рама:

„Кога ќе се споредите со други спортисти кои можеби ќе постигнат ист резултат, знаете дека тие не ни размислуваат дали ќе одат на Олимпијадата или не. Тие се фокусирани на постигнување врвни резултати и соодветно претставување на нивните земји. Во Косово сме соочени со два проблеми - изолацијата и добрите резултати. Тоа е разочарувачки“, вели Рама.

Сепак, спортистката не се откажува и се подготвува за нов потфат - Олимписките игри во Рио Ди Женеро во 2016 година.
XS
SM
MD
LG