Достапни линкови

Русија смета дека нема потреба од „Пријатели за Сирија“


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Официјална Москва смета дека западната група „Пријатели на Сирија“ нема понатамошна причина за постоење по средбата во Женева пред три дена. Рускиот министер за нaдворешни работи Сергеј Лавров изјавил дека од формирањето на Сиријската акциона група на 30 јуни во Женева, не се потребни други форуми за дискусија на решенија за конфликтот во земјата. Лавров дополнил дека „пријателската група од самото формирање имала цел да подржува само еден дел од сиријската опозиција која дејствува од странство“. Минисатерот најави дека Русија нема да испрати свој претставник на средбата на групата во Париз во петок.
XS
SM
MD
LG