Достапни линкови

Рибарите уплашени од уништување на Охридското Езеро


Охридските рибари и екологисти се противат на одлуката на владата за давање на Охридското Езеро под концесија. Се плашат од уништување на езерото.

Охридските рибари и екологисти го креваат својот глас против одлуката на владата за давање на Охридското Езеро под концесија.
Ние одиме до Европската комисија за рибарство, а помош ќе бараме и од пратениците од зелените партии од Европскиот парламент. Тој треба да има минимум 24 рибари. Секој рибар може да има по 80 мрежи и по една повлечна мрежа. Тоа се околу 80 километри мрежи дневно во езерото. Што ќе се лови, ќе се изловат и камењата за да се покријат трошоците на концесионерот.

Риболовците започнаа со собирање на материјали, пишани и видео документи, изјави на научници и експерти кои ќе им бидат испратени на релевантните меѓународни фактори како што се Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и пратениците од партиите на зелените во Европскиот парламент за да помогнат, како што велат, да се повлече одлуката за давање на езерото под концесија во период од 6 години.
Охридско Езеро.

Охридско Езеро.


Според Радован Димитриевски, претседател на Спортско риболовниот клуб Свети Апостол Петар, ако езерото се даде под концесија, тоа ќе биде уништено за наредните 50 генерации бидејќи идниот концесионер само првата година ќе има право годишно да лови по 2 тони охридска пастрмка и 250 тони плашица.
Штом се даде да се лови пастрмка, било тоа и во количини од 2 тони, тоа всушност е само прикривање за повторно недозволен лов на пастрмка. Контролата која ќе се врши врз количините кои се изловени се уште не е дефинирано. Ние сме прво за тоа да има физичка заштита на езерото како што се камери кои би ја следеле состојбата по крајбрежјето и езерската шир. Давањето на езерото под концесија за пастрмката е само мачкање очи и колку само да се каже дека ќе се ловат само мали количини, но ние се сомневаме дека тоа е само прикривање за поголемо изловување на пастрмката.

„Ние одиме до Европската комисија за рибарство, а помош ќе бараме и од пратениците од зелените партии од Европскиот парламент. Тој треба да има минимум 24 рибари. Секој рибар може да има по 80 мрежи и по една повлечна мрежа. Тоа се околу 80 километри мрежи дневно во езерото. Што ќе се лови, ќе се изловат и камењата за да се покријат трошоците на концесионерот.“

Ѓоко Зороски од Движењето на екологистите на Македонија и Борис Стојаноски од Еколошкото друштво Грашница од Охрид сметаат дека изловувањето на толку големи количини на пастрмка ќе го остават езерото без примерок од овој ендемски вид.

„Штом се даде да се лови пастрмка, било тоа и во количини од 2 тони, тоа всушност е само прикривање за повторно недозволен лов на пастрмка. Контролата која ќе се врши врз количините кои се изловени се уште не е дефинирано. Ние сме прво за тоа да има физичка заштита на езерото како што се камери кои би ја следеле состојбата по крајбрежјето и езерската шир. Давањето на езерото под концесија за пастрмката е само мачкање очи и колку само да се каже дека ќе се ловат само мали количини, но ние се сомневаме дека тоа е само прикривање за поголемо изловување на пастрмката“, вели Зороски.

„Се поставува прашањето дали концесионерот ќе биде контролиран и да не се случи како што беше порано кога поранешниот концесионер, Охридска пастрмка, ловеше неконтролирано и не доведе до оваа ситуација“, вели Стојаноски.

Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт од Охрид вели дека само на овој начин Охридското Езеро ќе се врати во нормална состојба.

„Овој начин на лов ќе биде преку мелиоративен риболов. Тоа значи дека во соработка со научна институција, односно со нас, концесионерот ќе го врши тоа на посебен начин којшто досега не е спроведен кај нас.“

Од Хидробиолошки велат дека и покрај тоа што езерото добило концесионер, вештачкиот мрест останува должност на државата. Од таму велат дека според риболовната основа, ловот на пастрмката од година во година расте и во шестата година од концесискиот договор, дозволеното количество на улов на пастрмка достигнува до 20 тони. Концесионерот ќе мора да се позанимава и со прашањето за физичка заштита на езерото преку поставување камери или пак сателит, а на државата ќе треба да и плати 12 милиони денари за период од 6 години.
XS
SM
MD
LG