Достапни линкови

Македонија ќе се приклучи кон „Јужен поток“


Македонската страна во Русија ја доби нацрт-спогодбата меѓу владите на двете земји за соработка при изградба на гасоводна инфратруктура за испорака на гас во Македонија во рамките на проектот,„Јужен поток“. јави МИА.
„Владата во најкраток можен рок ќе го разгледа текстот и ќе ја продолжиме процедурата на македонска страна во соработка со „Газпром“ и руската Влада, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, обраќајќи се на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка што се одржува денеска во Нижни Новогород.
Договорот се очекува официјано да биде потпишан за неколку месеци. Плановите се градбата на „Јужен поток“ да почне во декември годинава во Русија во деловите каде ќе бидат изворите на гас и постепено до крајот на 2015 година да заврши комплетно. „Јужен поток“ кој има два крака, од Русија треба да поминува низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австрија и вториот преку Грција и Албанија до Италија. За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија.
XS
SM
MD
LG