Достапни линкови

Во Турција ќе се разговара за иранската нуклеарна програма


Али Ашгар Солтани, иранскиот амбасадот во Меѓународната агенција за атомска енергија.

Али Ашгар Солтани, иранскиот амбасадот во Меѓународната агенција за атомска енергија.

Светските сили и Иран денеска во Истанбул треба да продолжат со разговорите околу нуклеарната програма на Техеран, соопшти турската влада. Портпаролот на Министерство за надворешни работи изјави дека средбата е од „суштинско техничка“ природата. Средбата во Истанбул треба да покаже дали има доволно заедничка основа разговорите да продолжат полноправно. Претходниот месец разговорите кои се одржаа во Москава наидоа на ќорсокак. Светските сили се сомневаат дека нуклеарната програма на Иран е за воени цели и бараат Техеран да престане со збогатувањето на ураниумот. Иран, пак, вели дека неговата нуклеарна програма е за цивилни цели.
XS
SM
MD
LG