Достапни линкови

logo-print

Сириски војници пребегале во Турција


Сириски војници.

Сириски војници.

Речиси 300 Сиријци пребегале во Турција, меѓу кои и 85 војници, јави турската државна новинска агенција Анадолија. Во извештајот се наведува дека меѓу пребеганите има еден генерал и дваесетина со пониски чинови. Станува збор за најголемата група на армиски дезертери кои ја напуштиле земјата од почетокот на немирите во Сирија во март минатата година. Во Турција сега живеат повеќе од 35 илјади сириски бегалци, меѓу кои 14 генерали.
XS
SM
MD
LG