Достапни линкови

Во Мјанмар ќе бидат ослободени 46 затвореници


Лидерката на опозицијата во Мјанмар Аунг Сан Су Чи.

Лидерката на опозицијата во Мјанмар Аунг Сан Су Чи.

Во Мјанмар ќе бидат ослободени вкупно 46 затвореници во знак на „националното помирување“, сооштија тамошните државни медиуми. Почнувајќи од денеска ќе бидат ослободени 37 мажи и 9 жени, иако не е познато дали меѓу они кои ќе бидат ослободени има политички затвореници. Хјуман рајтс воч соопшти дека 659 политички затвореници се ослободени во текот на изминатата година, но дека се уште има меѓу 200 и 600 кои останале во затвор.
XS
SM
MD
LG