Достапни линкови

НАТО за „политичко решение“ на конфликтот во Сирија


Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен.

НАТО ја повтори својата заложба да се најде „политичко решение“ на конфликтот во Сирија, иако опозицијата го отфрли мировниот план поддржан од ОН, Русија и САД. Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен, изјави дека сирискиот конфликт го доведува во ризик целиот регион, но додаде дека НАТО нема да интервенира воено во конфликтот. Неговите забелешки доаѓаат по најавите на руското Министерството за надворешни дека Русија ќе биде домаќин на разговорите со сириските опозициски групи за да се разгледа планот за политичка транзиција во земјата. Планот беше окарактеризиран како „исмејување“ од страна на сириската опозицијата поради тоа планот не повикува претседателот ал-Асад да се повлече од функцијата. Претходно и Арапската лига и Турција ја повикаа поделената опозиција да се обедини.
XS
SM
MD
LG