Достапни линкови

Пакистан - разговори за потребите на НАТО


Преставници на пакистанската влада и луѓе од одбраната треба денеска да се состанат за да дискутираат за повторното отварање на копнените патишта кои се од клучно значење за снабдувањето на НАТО силите во Авганистан. Патиштата се затворени од минатиот ноември, кога за време на воздушни напади од страна на силите на НАТО загинаа 24 пакистански војници.
Американскиот Стејт Департментот соопшти дека државниот секретар Хилари Клинтон на оваа тема разговарала со новиот пакистански премиер Раџа Первез Ашраф во телефонскиот разговор овој викенд. Пакистанските медиуми, исто така објавија дека командантот на НАТО во Авганистан, Џон Ален, вчера го посетил Исламабад, втор пат за помалку од една недела, но за тоа нема потврда од официјалните претставници на САД и Пакистан.
XS
SM
MD
LG