Достапни линкови

logo-print

Мексико: Обрадор ја отфрли победата на Нието


Енрике Пена Нието.

Енрике Пена Нието.

Левичарскиот кандидат Андрес Мануел Лопез Обрадор ја отфрли победата на ривалот Енрике Пена Нието на претседателските избори во Мексико. Според Обрадор, победата на Нието е лажна и обвини за „валкани“ избори. Нието вчера прогласи победа откако првите официјални резултати покажаа дека тој освоил 38 проценти од гласовите, наспроти 31 процент колку што гласале за Обрадор. Обрадор тврди дека партијата на Нието потрошила милиони пезоси за купување гласови и дека тој имал подршка од медиумите кои го фаворизирале. Обрадор се кандидираше и на изборите во 2006 година и загуби со помалку од еден процент. Тој тогаш организираше протести кои цел месец го парализираа Мексико Сити.
XS
SM
MD
LG