Достапни линкови

Авганистан против Пакистан пред Советот за безбедност


Авганистан се закани дека ќе го пријави Пакистан во Советот за безбедност при Обединетите нации поради гранатирање на авганиостански села во близина на пакистанската граница. Авганистанското министерство за надворешни работи најави дека официјален Кабул ќе го покрене прашањето пред Советот поради тоа што досегашните преговори со Исламбад не даваат резултати. Авганистанскиот директорат за национална безбедност најави дека има доволно докази за инвовлвираност на пакистански војници во гранатирањата.
XS
SM
MD
LG